Валенсија мерка нов Македонец, но…

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Бојан Миовски е на листата со желби на Валенсија, но Македонецот е трета опција зад Умар Садик и Кајл Ларин.

Бојан Миовски вчера беше стартер за Жирона, но може да го напушти клубот до крајот на преодниот рок доколку пристигне интересна понуда.

Последните информации велат дека Македонецот е на листата со желби на Валенсија за засилување на нападот.

Популарните „лилјаци“ преговараат за ангажман на Умар Садик од Реал Сосиедад, но разговорите бележат слаб прогрес, па Валенсија разгледува и други опции.

Една е Кајл Ларин од Мајрока, а втората е нашиот Бојан Миовски, кој од финансиски аспект е најповолна трансфер цел за Валенсија.

ФОТО: X/Girona FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×