Валенсија ја победи Севиља, Столе се истакна со маестрална парада во финишот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Валенсија запиша важна гостинска победа од 0:2 против Севиља, а во центарот на вниманието во финишот на средбата од 29. коло на Ла Лига беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Тимот од „Местаља“ работата ја заврши уште во првото полувреме кога Хуго Дуро и Ларги Рамазани донесоа сигурна предност. Во продолжението Севиља притискаше и беше поопасна, но Димитриевски беше на висина на задачата.

Македонскиот чувар на мрежата го имаше својот најдобар момент во судиското продолжение кога со одлична интервенција го запре обидот на Батиста Менди и ја сочува мрежата недопрена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×