Валенсија е редовна жртва на Роналдо

by
1 минути читање

Лигата на
шампионите и Роналдо повторно се заедно а Португалецот во новата сезона од
елитното европско клупско натпреварување ќе настапува во дресот на Јувентус,
каде направи трансфер ова лето.

Првата ѕвезда на
Старата Дама сезонава ќе јуриша на шестиот трофеј во ова натпреварување, а
освен трофеите зад себе, тој има и фантастична бројка од 120 погодоци во Лигата
на шампионите, што го прави подобар во овие бројки од Меси кој со синоќешниот
хет-трик против ПСВ стигна до 106 погодоци.

Јувентус вечерва
гостува кај Валенсија на Местаља во рамките на групата „Х“ каде истовремено (21,00)
играат и Јанг Бојс – Манчестер јунајтед, а вечерашниот противник на Роналдо е
доста добро познат за него.

Валенсија е
редовна жртва на Португалецот кој има постигнато 15 погодоци во 18 одиграни
против тој клуб
, a тимот од
Местаља сигурно дека најмногу ќе стравува од обидите на Роналдо вечерва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×