Валенсија без Димитриевски стигна до третата победа во Ла Лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Валенсија конечно ја прекина серијата без победа во Ла Лига и вечерва приреди изненадување славејќи над Реал Сосиедад со 1:0.

Македонскиот голман Столе Димитриевски остана на клупата во овој натпревар, а херој на Валенсија беше Дуро.

Одлучувачкиот момент се случи во 26. минута кога херојот на домаќините ја погоди гостинската мрежа. Во продолжение мрежите мируваа, па Валенсија освои три бода.

За Вленсија која игра една од најлошите сезони ова беше само трета победа 20 натпревари сезонава во Ла Лига и тимот со 16 бода се наоѓа на претпоследната позиција, Ваљадолид е последен со 15, а Еспањол на 18-тата има 19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани