Валдано откри што му порачал Лео Меси за својата иднина во приватен разговор

by
1 минути читање

Минатиот месец, Лео Меси имаше интрвју со својот сонародник Хорхе Валдано, двајцата начнаа многу теми, но не и за иднината на напаѓачот во националниот дрес.

Хорхе Валдано сега открива дека во приватен разговор говореле за можноста Лео Меси да настапи и на СП 2026.

„Кога му напрвив интервју пред Светското првенство, кога камерите беа исклучени, му кажав дека ова за него ќе биде мундијалот број пет, и дека ниту еден фудбалер нема играно на шест мундијали. Ми призна дека ова е речиси невозможно, но и вети дека ќе се обиде да игра за Аргентина до следното Светско првенство доколку триумфира во Катар. Ќе видиме дали ќе може да направи еден ваков подвиг, да игра на шест Светски првенства“ – вели Хорхе Валдано во разговор со Копе.

По победата над Хрватска, Лео Меси изјави дека финалето ќе биде негов последен настап на Светските првенства. Многумина ова го протолкуваа како најава за повлекување од дресот на Аргентина, но откако „гаучосите“ триумфираа против Франција и стигнаа до толку многу посакуваниот трофеј, напаѓачот порача дека ќе продолжи да игра, и ќе ги брани боите на националниот тим како шампион.

Останува да се види дали Лео Меси ќе настапи на следниот мундијал, тогаш ќе има 39 години, но Пепе од Португалија покажа дека и на оваа возраст може да биде од корист за репрезентацијата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани