Вакво нешто не сте виделе: Двајца од ист тим пред празен гол, еден погоди пречка, а другиот – соиграчот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалот знае да понуди моменти кои тешко се објаснуваат, а уште потешко се забораваат. Токму таква сцена се случи на дуелот меѓу Раит Роверс и Сент Џонстон, кој заврши без голови 0-0, но ќе остане запаметен по едно неверојатно двојно промашување.

Се играше 14. минута кога гостите од Сент Џонсон имаа златна можност да поведат. Топката стигна до Џон Фаулер кој од непосредна близина, од само еден метар, успеа да ја погоди пречката наместо празната мрежа. Неверојатно, но вистинито.

Акцијата продолжи, одбраната на Рајт беше целосно надмудрена, а топката дојде до Стентон кој шутираше кон празниот гол. Наместо сигурен погодок, следуваше уште поголем шок. Фаулер, кој сè уште се наоѓаше пред голот, несвесно ја блокираше топката и практично ја спаси домашната екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×