Рома синоќа одигра возбудливи 2-3 против Торино во Купот на Италија, а младиот Антонио Арена цел живот ќе го памети натпреварот откако доби шанса да дебитира и да постигне гол со првиот допир на топката.
Во светот на фудбалот има многу магични деби настапи, но она што го направи младиот Антонио Арена ретко се гледа.
16 годишниот фудбалер од Австралија доби шанса да ги одигра првите минути во дресот на Рома на дуелот против Торино во Купот на Италија, и само што истрча на теренот, со првиот допир постигна гол и изедначи на 2-2.
„Тргнав на подалечната статива, видов дека Весли нафрли, топката ми легна право на глава и погодив – неверојатно, незаборавни моменти“ – вели Антонио Арена, кој стана третиот најмлад стрелец во историјата на „волчицата“.
Il terzo gol più giovane della nostra storia 🥉
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 14, 2026
Al primo pallone toccato ⚽
Bravo Antonio 👏#ASRoma pic.twitter.com/70riPJJxZw