„Ваквата игра е сра*е” – на Меси не му се допаѓа постојано да биде маркиран од еден човек (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Џирона се реши на
еден необичен начин да го сопре Лео Меси, и делумно можеби успеа, напаѓачот на
Барса не постигна гол, но „Каталонците“ славеа со 0-3.

Младиот Пабло
Мафео беше задолжен само да го маркира Аргентинецот и му беше верна сенка се
додека не ја напушти играта во 78. минута од средбата.

По крајот на
натпреварот, младиот дефанзивец имаше само пофални зборови за Лео Меси и откри
дел од разговорот што го имал со најдобриот фудбалер на денешницата.

„Ме праша дали
сум на позајмица од Манчестер Сити и колку години имам, тој е многу присебен.
Разговаравме доста бидејќи бев до него речиси цел натпревар. Тој е најдобриот
играч во светот и доколку не го маркирате вака, лесно ќе даде гол
– им рече Мафео на новинарите, но
очигледно не откри се.

Камерите го уловија
како на соиграчите од клупата им открива што мислел Лео Меси за ваквата
тактика.

„Знаете што ми
кажа? Ваквата игра е сра*е
– им се довери младиот играч на колегите.

Лео Меси до сега
само во три наврати бил чуван на овој начин и имал маркер покрај себе цел
натпревар.

Зидан на првиот
натпревар во Суперкупот на Шпанија го постави Ковачиќ да му биде верна сенка на
Аргентинецот, а пред неколку години и Валверде, кога беше тренер на Атлетик
Билбао, го задолжи Баленсијага да го маркира напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани