Интер и Џенова ги финализираат деталите од трансферот на Валентин Карбони, офанзивниот фудбалер ќе се пресели на „Ферарис“ на позајмица до крајот на сезоната, а „нероаѕурите“ можат да платат и до 1 милион евра.
Интер реализира зделка која ретко се гледа, не само штобеспари ќе го испрати Валентино Карбони на позајмица во Џенова, дури и ќе плати одредена сума.
Целта на „нероаѕурите“ е да се максимизира развојот на Аргентинецот, кој минатата сезона заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото.
Интер сака офанзивниот фудбалер да има што поголема минутажа, па за дополнително да ја стимулира Џенова да му укаже шанса, ќе плаќа бонуси за настап – колку повеќе игра Валентин Карбони, толку повеќе „црно-сините“ од Милано ќе платат.
Како што пренесува Спортмедиасет, бонусите во оваа уникатна формула се околу 1 милион евра.
ФОТО: fb/Inter