Во португалскиот фудбал по последниот натпревар на Спортинг во кој славеше победа над Санта Клара од 4-2 видовме една необична ситуација во која заеднички силите ги здржуија големите ривали Бенфика и Порто.
Имено, трите екипи се во борба за титулата ,а големите ривали сега реагираа на спорни моменти од дуелот на Спортинг.
Порто на својот официјален профил објави фотографија на која прашува каков е критериумот на судијата бидејќи според нив не бил досуден чист пенал за Санта Клара, додека претходно за многу поблаг прекршок на Спортинг му била досудена најстрога казна.
Qual o critério desta jornada? pic.twitter.com/5ijZ4jHf0T
— FC Porto (@FCPorto) April 3, 2026
Бенфика пак на својот профил собра повеќе спорни одлуки.
👇🏼👇🏼 pic.twitter.com/obaUkKJRBk
— SL Benfica (@SLBenfica) April 3, 2026