Двете греши на
Мата и Линделоф во период од неколку минути ги чинеа „Црвените ѓаволи“
изненадувачки пораз на гостувањето кај Хадерсфилд.
Но Жозе Мурињо
одби да го впери прстот кон индивидуалци, и порача дека пристапот на целиот тим
бил очаен.
„Хадерсфилд
одигра онака како што требаше, како што јас сакам и како што трбеа да се игра.
Во нивната игра имаше се: агресивност, желба, мотивација, пожртвуваност. Во
нашата игра немаше ништо. Тимот кој заслужи да победи на крајот и победи” – вели Португалецот.
„Беше
изненадување, но таква е реалноста. Беше изненадување, но се случи. Мене ми е
прилично лесно да кажам дека тимот кој заслужи да победи, на крајот победи”.
„Не паметам
пријателси натпревар на кој нашиот пристап бил толку лош. Во второто полувреме
се обидовме да го поправиме впечатоткот, можевме да стигнеме и до реми, но тоа
ќе беше незаслужен бод”.
„Навистина сум
разочаран, и ако јас бев навивач на Манчестер јунајтед а не менаџер, ќе бев
премногу разочаран. Можете да загубите од противник кој е поквалитетен, но не и
да загубите поради тоа што противникот имал подобар пристап”.