Вака се станува шампион, Ливерпул на мускули го победи Кристал Палас, Лаказет во 96. минута спречи пораз на Арсенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул покажа
шампионски менталитет против Кристал Палас. „Црвените“ примија гол во 83. минута,
Заха изедначи на 1-1, но само две минути подоцна Фирмино реализираше по една
мешаница и донесе триумф од 1-2 за задржување на предноста од осум бода на
врвот на табелата. Претходно, ВАР поништи гол за водство на Кристал Палас во
финишот од првиот дел, а веќе на стартот од вториот Мане погоди за предност од 0-1
за избраниците на Клоп.

Лаказет беше
двоен стрелец, но Французинот немаше многу причини за радост бидејќи во 96. минута
го спаси Арсенал од срамен пораз против Саутемптон и беа испуштени бодови во
трката за местата кои водат во Лигата на шампиони.

Гостите го
отвроија резултатот во 8. минута, Бертранд итро брзо изведен слободен удар и го
испрати Ингс осамен пред Лено, а напаѓачот знаеше како да ја искористи приликата
и да ја затресе мрежата на „топчиите. Десет минути подоцна, Лаказет изедначи, напаѓачот
се најде на право место и една одбиена топка ја смести зад грбот на гостинскиот
голман. Саутемптон се врати во предност во 72. минута, Ворд Праус најпрво
промаши пенал но прв стигна до топката и донесе 1-2. Сепак Лаказет го имаше последниот
збор и длабоко во судиското надополнување спречи славје на „светците“ со
рутински финиш од пет метри.

На останатите натпревари
од 16 часот, гостите доминираа. Вулверхемптон со 1-2 го совлада Борнмут, Лестер
со 0-2 го победи Брајтон, Норич го изненади Евертон исто така со 0-2, а Барнли
со 0-3 славеше кај Ватфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×