Фудбалот пишува многу приказни, но ретко која е толку моќна и инспиративна како онаа на искусниот дефанзивец на Интер, Франческо Ачерби. Откако го водеше својот тим кон финалето на Лигата на шампионите, овој италијански репрезентативец стана симбол на победа – не само на теренот, туку и во животот.
Ачерби зад себе има тешка животна сага исполнета со болка, загуби и битки. Во 2013 година, кога настапуваше за Милан, му почина таткото, настан кој го турна во длабока депресија и зависност од алкохол. Неколку месеци подоцна, при рутински здравствен преглед, му беше дијагностициран рак на тестисите. По операцијата, успеа привремено да се врати на терените, но болеста повторно се врати.
„Кога ми почина татко ми, го допрев дното. Пиев сè што ќе ми дојдеше при рака. Звучи чудно, но ракoт ме спаси“, изјави Ачерби во интервју за „Ла Република“ во 2019 година.
Денес, овој 36-годишен фудбалер не само што ги преживеа тешките моменти, туку се издигна до статус на лидер и пример за многумина. Неговите солзи по триумфот со Интер не беа само солзи на радост, туку и на благодарност, на сила, на спомен за болката што ја оставил зад себе.
На социјалните мрежи, по полуфиналниот триумф, се појавија фотографии од Ачерби од неговите најтешки денови кога ја водеше најтешката битка во својот живот од која излезе како победник.
