159
Одредени медиуми
веќе шпекулираат во однос на првиот меч на Манчестер јунајтед во новата сезона
од Премиерлигата, каде „Црвените ѓаволи“ на домашен терен го пречекуваат Вест
Хем, па така се најавува следниот почетен состав а воедно и формациска
поставеност со која Жозе Мурињо ќе атакува на прва победа сезонава во Англија.

Новата сезона од
Премиерлигата стартува со вечерашната пресметка помеѓу Арсенал и Лестер (20,45),
додека пак Манчестер јунајтед – Вест Хем ќе ги одмерат силите во недела во
терминот од 17 часот.