На „Гудисон Парк“
досега пристигнаа дефанзивецот Мајкл Кин од Барнли (24.23 милиони фунти),
голманот Џордан Пикфорд од Сандерленд (24.23 милиони фунти), фудбалерот кој
игра веднаш зад напаѓачите, Дејви Класен од Ајакс (22.95 милиони фунти), левото
крило Хенри Онајекуру од Еупен (6.8 милиони фунти) и Сандро Рамирез од Малага (5.1
милион фунти).
Неофицијалните
информации кои пристигнуваат од Островот, велат дека финалната идеја околу
составот за идната сезона на Евертон од страна на холандскиот стратег Роналд
Куман не е комплетирана, па така следат уште две мега засилувања.
Англиските
медиуми пренесуваат дека Вејн Руни до крајот на оваа недела треба да потпише за Евертон, воедно на големо се шпекулира дека на „Гудисон Парк“ во следниот период ќе пристигне и Оливие Жиру.
Со ова, се
поизвесно е дека Евертон не влезе во оваа авантура без конкретен план, па се
чини дека премиерлигашот ги троши парите кои треба да ги инкасира од продажбата
на напаѓачот Ромелу Лукаку.
Доколку се заврши
како што треба според идеите и плановите на Куман, познато е како би изгледал
тимот на холандскиот стратег за идната сезона, наводно тој ќе преферира
формациска поставеност од 4-2-3-1, најистурен во нападот би бил Жиру,
Французинот би имал помош во Вејн Руни, кој би требало да биде веднаш зад него.
Извор: dailymail.co.uk
Графички приказ:
dailymail.co.uk