Ужасна вест за Аморим: Манчестер јунајтед остана без еден од најважните фудбалери

by Стефан
1 минути читање

Taлентираниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Амад Дијало заработи повреда поради која како што стојат работите ќе паузира подолго време.

Дијало оваа сезона се стекна со целосна афирмација во клубот од „Олд Трафорд“ и на неколку натпревари беше клучен фудбалер на гигантот од „Олд Трафорд“.

Повредата Дијало ја заработил на денешниот тренинг и ако се суди според неговата објава на социјалните мрежи ќе отсуствува подолго време.

„Многу сум разочаран што пишувам ваква порака во клучен дел од сезоната. За жал ќе бидам отсутен од терените некое време. Но ќе се вратам посилен од било кога и ќе ги поддржвуам момците надвор од теренот“, објави Дијало.

Дијало во Манчестер јунајтед пристигна како 18-годишник од Аталанта, но по периодот на позајмици во Ренџерс и Сандерленд се врати на „Олд Трафорд“ летото 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×