Бразилецот Нејмар изминатата вечер се врати на терените во дуелот на Сантос и Вело Кубе, а на оваа средба очигледно противниците немаа милост за славниот Бразилец.
Имено, на социјалните мрежи брзо стана вирален еден грб старт над Нејмар кој изгледа како фудбалерот на гостите да сака намерно повторно да го повреди.
Но, на сето тоа медиумите пишуваат и дека токму тоа било намерата.
„Направете се што треба за да победите, ако треба дури и Нејмар повредете го и исфрлето го од Мундијалот“, наводно била пораката која ултрасите на Вело Кубе ја испратиле до фудбалерите.
Ако се суди според овој старт, веројатно и ги послушале. Кога е резултатот во прашање Сантос убедливо славеше со 6-0.
Нејмар ги одигра комплетните 90 минути не постигна гол, но запиша асистенција.
Horrendous tackle on Neymar on his first game back after 2 months out injured.
by u/cortez0498 in soccer