Удинезе со 1-0 загуби на гостувањето кај Џенова, а милиметри фалеа да избегнат пораз, погодокот на Модесто беше поништен затоа што увото му беше во офсајд.
Џенова дојде во водство во 77. минута со гол на Заноли, а Модесто погоди во четвртата минута од судиското продолжение, се израдува на погодок, но ВАР му го поништи поради офсајд.
Снимките од ВАР системот покажаа дека Модесто бил во офсајд само поради увото.