Според
информациите кои ги пренесува „Калчомеркато“, се вели дека сагата околу
талентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума ќе биде решена по утрешниот
состанок помеѓу неговиот агент Мино Рајола и раководството на италијанскиот
калчолигаш.
Во текот на
вчерашниот ден кружеа шпекулации во Италија дека Милан е крајно револтиран од одолговлекувањето на 18 годишниот голман, околу тоа дали ќе го продолжи
договорот со клубот или пак не. Како за потсетување договорот на Донарума со
Милан истекува наредната година.
Италијанските
медиуми изминатиов период пренесоа и една интересна вест, во која наводно се вели дека
талентираниот голман открил дека бара нова куќа во Милано и се поизвесно е дека ќе стави потпис на нов договор, но се чини дека утре се решава неговата иднина.
Клубот на
Донарума му нуди годишна заработувачка од 4 милиони евра.