Ако се веруваше дека Аргентина во последните две кола ќе заигра како што треба и ќе ги реши сите дилеми околу пласманот на Мундијалот, тоа не се случува.
Гаучосите одиграа само 0-0 против Перу на свој терен и постојат големи шанси да не се пласираат на Светското првенство.
Меси и другарите имаа огромна поддршка на „Ла Бомбониера“ во Буенос Аирес, но сето тоа беше залудно.
Во последното коло Аргентина мора да брка победа на гостувањето кај Еквадор за да дојде до бараж или диретен пласман на СП во зависност од резултатите и на другите репрезентации.
Интересно синоќа немаше голови ниту на натпреварите Боливија – Бразил и Венецуела – Уругвај. Чиле со 2-1 го совлада Еквадор, а со истиот резултат Парагвај победи на гостувањето кај Колумбија која пропушти да го завери пласманот на СП.
Табела пред последното коло од квалификациите:
1. Бразил 38
2. Уругвај 28
3. Чиле 26
4. Колумбија 26
5. Перу 25
6. Аргентина 25
7. Парагвај 24
8. Еквадор 20
9. Боливија 14
10. Венецуела 9
Првите четири обебедуваат директен пласман на Светското првенство, петтиот игра бараж.