Уште едно големо засилување за Манчестер Сити: Менди стана „граѓанин“

by
0 минути читање

Манчестер Сити потврди уште едно големо засилување, откако потпиша петгодишен договор со Бенџамин Менди.

„Манчестер Сити со задоволство може да соопшти дека потпиша со Бенџамин Менди од Монако. 23-годишниот Француз потпиша петгодишен договор со клубот и ќе го носи дресот со број 22“ – стои во соопштението на клубот.

„Пресреќен сум што доаѓам во Манчестер Сити. Тие се еден од водечките клубови во Европа и во Пеп Гвардиола имаат тренер кој е верен на офанзивниот фудбал. Сигурен сум дека наредните неколку години ќе бидеме успешни“ – изјави Менди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани