Фенербахче
напаѓа, но Вардар одлично се брани по првите 45 минути игра на реванш
пресметката од плејоф рундата во квалификациите за Лига Европа, откако во
Скопје нашиот шампион славеше со 2-0.
Во почетната фаза
од мечот во Истанбул се играше мошне динамично, главно на половината на нашиот
шампион кој имаше добра поставеност во одбраната и не дозволуваше посериозна
шанса за домаќините.
Гачевски во два
наврати интервенираше, првата шанса ја имаше Ван Перси кој се обиде со глава да
го изненади вардаровиот голман во 22. минута но тој беше поставен на
вистинското место.
Веќе следната
минута Топал упати прецизен и мошне силен шут кон голот на „црвено-црните“ а
повторно на висина на задачата беше Гачевски.
На пет минути
пред да се замине на паузата, Исла имаше нова прилика да постигне водечки гол
за Фенербахче, но и во оваа ситуација успешно реагираше Гачевски.
Барсегјан имаше
можност да ги реши сите дилеми на двомечот со Фенербахче, Ерменецот на три
минути пред истекот на регуларните 45 минути игра во првиот дел биеше во
стативата од една мошне изгледна прилика да постигне гол.
Мечот на „Шукру
Сарачоглу“ го суди полскиот арбитар Марчин Бонијек.