Македонските фудбалери имаа одлични настапи во Конференциска лига, Дарко Чурлинов со Јагелонија оствари победа од 2-0 против Петрокуб, додека Борец Бања Лука на Бобан Николов и Дамјан Шишковски славеше против АПОЕЛ со 0-1.
Второто коло во Конференциска лига донесе радост за македонските фудбалери, победи славеа Дарко Чурлинов, Бобан Николов и Дамјан Шишковски.
Јагелонија триумфираше со 2-0 против Петрокуб со два гола на Пулулу, а Дарко Чурлинов на теренот помина 78 минути.
Во Кипар, Борац Бања Лука со 0-1 славеше над АПОЕЛ со погодокот на Савиќ. Николов шанса доби од клупата и влезе во 58. минута, додека пак Шишковски остана помеѓу резервите.
Останати резултати:
Целје – Башакшехир 5-1
Гент – Молде 2-1
Хартс – Омониа 2-0
Ларне – Шамрок роверс 1-4
Рапид – Ноа 1-0
Сент Гален – Фиорентина 2-4
Панатинаикос – Челси 1-4