Уште една причина зошто Реал Мадрид ќе го продаде Винисиус

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид би можел да се раздели со Винисиус доколку добие вистинска понуда за него, а причините за евентуална разделба се зголемуваат.

По дебаклот на Светското клупско првенство се вклучи алармот во Реал Мадрид. Беше потенцирано дека во тимот има премногу его, а тоа никако не е од полза за добри игри и резултати.

Тогаш се пишуваше дека Алонсо има одврзани раце да делува, а еден од онит кои беа на тапет беше Винисиус.

Сега „Мундо Депортиво“ пренесува дека Винисиус има нереални финансиски барања за да потпише нов договор.

Тој во Реал Мадрид заработува исто колку и Мбапе, 15 милиони евра годишно. Тоа е највисоката плата во Реал Мадрид.

Но, Мбапе има и бонус од 40 милиони евра кој му беше доделен за потпишување на договорот. Ако се вкалкулира и бонусот, тоа за него се 23 милиони евра по сезона.

Наводно, Винисиус сака ист таков бонус, нешто што на Флорентино Перез не му паѓа ни на крај памет да му даде. Претседателот бил изненаден од барањето на фудбалерот.

Останува да се види што ќе се случува со Винисиус, но според парите кои ги бара, неговата иднина многу веројатно е во Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×