148
Покрај Бускетс, во пензија по крајот на оваа сезона ќе замине и Жорди Алба кој исто така е поранешен играч на Барселона и сегашен на Интер Мајами.
Алба е голем пријател на Лео Меси, затоа и заедно со Бускетс отидоа кај нивниот поранешен соиграч од Барселона во Интер Мајами.
Жорди Алба имаше важечки договор со Интер Мајами до 2027 година, но реши порано да се повлече од активното играње на фудбал.
Кариерата на Жорди Алба е богата со трофеи и признанија. Со Барселона освои шест титули во Ла Лига, пет Купови на кралот и една Лига на шампиони.