Уште еден Шпанец може да го засили Интер Мајами

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер Мајами е во напредни преговори со поранешниот шпански репрезентативец Серхио Регилон.

Левиот бек, кој потекнува од школата на Реал Мадрид и настапуваше за Севиља, Тотнем, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Брентфорд, е подготвен за нов предизвик во кариерата и се чини дека следната станица ќе му биде надвор од Европа.

Според информациите од Шпанија, Регилон е многу блиску до договор со Интер Мајами, клубот во кој настапуваат Лионел Меси, Серхио Бускетс и Џорди Алба.

Доколку трансферот се реализира, тој ќе биде третиот Шпанец што ќе му се приклучи на клубот во последните две години. Регилон ќе се обиде да ја оживее својата кариера, откако минатата сезона одигра само шест натпревари за Тотнем, а моментално е без клуб откако летово го напушти таборот на „петлите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×