Уште еден проблем за Тотнем: Еден од најважните го чека подолга пауза

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Тотнем Доминик Соланке ќе мора да оди на подолга пауза.

Како што е откриено Соланке поради повредата на коленото ќе мора да паузира околу шест недели што значи дека на терените би се вратил на почетокот март.

Ова секако е голем удар за тимот на Анте Постекоглу кој веќе неколку пати јавно порачуваше дека на екипата и е потребна помош во ротацијата.

Сезонава Тотнем лошо започна со повредите и од минатата недела надвор од тимот е и Тимо Вернер, а од претходно Кристијан Ромеро и Мики Ван де Вен.

Сепак, повредата на Соланке е можеби и најголемиот проблем во овој момент бидејќи за него засега нема замена. Сон

ќе биде жртвуван на левата бековска позиција во средината, па останува да видиме како „петлите“ ќе се снајдат без Соланке во густиот распоред.

Во периодот додека Соланке е надвор од терените Тотнем ќе одигра дури десет натпревари во Премиер лигата, Лига Купот и Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани