1,1K
Maкедонските фудбалски надежи до 16 години претрпеа уште еден пораз на Меморијалниот турнир „Миљан Миљаник“.
Денеска подобра од нашата репрезентација беше Унгарија која славеше со 2-1 во натпреварот за третото место.
Сите три гола во натпреварот беа постигнати во првото полувреме и Македонија турнирот го заврши на четвртото место, а во финалето ќе се сретнат Србија и Црна Гора.