Ливерпул на свој тим не успеа да го победи претпоследниот тим на табелата во Премиер лигата, мечот против Брентфорд заврши нерешено 1-1, Челси со 2-0 го совлада Брентфорд во првиот премиерлигашки меч под водство на Росениор.
Столчето на Арне Слот почнува силно да се клати, неговите фудбалери уште еднаш разочараа.
Во 32. минута Собослаи промаши пенал, но десет минути подоцна Вирц донесе водство за Ливерпул од 1-0.
Сепак, водството беше прокоцкано, во 65. минута Едвардс реализираше за израмнување на 1-1.
Ливерпул имаше доволно време да дојде до победа, но тоа не се случи, резултатот остана нерешен.
Челси со 2-0 го победи Брентфорд во првиот меч под водство на Росениор во Премиер лигата.
Жоао Педро погоди во првото полувреме за водство од 1-0, а Кол Палмер од пенал реализираше во вториот дел за 2-0.
Шок во Северен Лондон, Вест Хем со гол во 93. минута го победи Тотнем со 2-1.
Самрвајл во 15. минута донесе водство за чеканите, но домаќините израмнија преку Ромеро во 63. минута.
Кога се чинеше дека овој меч ќе заврши нерешено, Вилсон во 93. минута погоди за победа од 2-1 за Вест Хем. Три бода кои носат надеж за опстанок.
Лидс со 1-0 го победи Фулам, а Сандерленд со 2-1 беше подобар од Кристал Палас.