534
Македонија на натпреварот против Лихтенштајн на стартот на квалификациите за Светското првенство ќе биде уште без едно име.
Станува збор за Стефан Ашковски, кој на официјалниот тренинг во Вадуц тренираше одвоено од тимот. Тој има повреда која се обидува да ја санира за да се врати на теренот против Велс во вторник.
Претходно на селекторот Благоја Милевски му откажаа, поточно отпаднаа од комбинација Милан Ристовски и Лирим Ќамили. Во нападот беше дополнително повикан Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Во дефанзивата нема да има дополнителни повици бидејќи Ашковски би можел да биде во комбинација за настап со Велс.