Екипата на Ливерпул сезонава никако не успева да влезе во во посакуваната форма, а тимот на Арне Слот во овој момнт е во серија од четири нерешени натпревари во низа.
„Црвените“ на табелата се наоѓаат на четвртата позиција со 36 бода, еден повеќе од Манчестер јујнајтед и веќе 14 помалку од лидерот Арсенал.
Уште еден доказ за слабата форма во која играат избраниците на Арне Слот се резултатите против екипите кои оваа сезна се пласираа во елитниот ранг во Англија. Имено, Ливепрпул за првпат во својата историја не успеа да победи во првите дуели во сезоната против новите премиерлигаши.
Сезонава во тие дуели Ливерпул ремизираше одигрувајќи: 1-1 против Сандерленд, 0-0 против Лидс и 1-1 против Барнли.