Уште еден Босанец ја заврши сезоната и е под знак прашалник за СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се соочува со сериозен проблем само неколку дена по историскиот пласман на Светското првенство.

Дефанзивецот Никола Катиќ заработи повреда поради која веќе ја заврши сезоната во дресот на Шалке 04, а неговиот настап на Мундијалот е доведен под голем знак прашалник.

Станува збор за еден од најважните фудбалери во дефанзивата за селекторот Сергеј Барбарез, па ваквата ситуација доаѓа во најнезгоден можен момент за националниот тим.

Од германскиот клуб преку социјалните мрежи потврдија дека Катиќ се здобил со потешка повреда и дека ќе мора да паузира до крајот на сезоната. Тоа значително ги намалува шансите навреме да се опорави за настап на Светското првенство кое ќе се игра од средината на јуни до средината на јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×