Уругвај ја спушти Русија на земја и го освои првото место во групата А (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Уругвај и Русија влегоа со по две победи во овој решавачки меч за првото место, домаќинот не успеја да ја продолжи победничката серија, Јужноамериканците славеа без поголеми проблеми.

Резултатот беше отворен уште во десетата минута кога Суарез постигна мајсторски гол од слободен удар за водство на Уругвај од 1-0.

13 минути подоцна уште еднаш се тресеше мрежата на Акинфеев, овој пат по несреќен автогол на Черишев.

Ситуацијата на Русија стана уште потешка во 36. минута кога Смолников поради два жолти картони беше исклучен од игра.

Конечниот резултат беше поставен во судиското продолжение од мечот кога една топка дојде до Кавани на кого не му беше тешко да погоди за конечни 3-0.

Во натпреварот меѓу елиминираните Саудиска Арабија го победи Египет со 2-1.

Египет добро го почна натпреварот поведе со убав лоб на Мохамед Салах во 22. минута.

Во 41. минута Саудиска Арабија промаши пенал преку Ал Мувалад, но во судиското продолжение од првиот дел Ал Фарај даде гол од белата точка за 1-1.

Во судиското продолжение од натпреварот Саудиска Арабија преку Ал Давсари реализираше за победа од 2-1.

Во А групата Уругвај заврши прв со максимални девет бодови, Русија е втора со шест, Саудиска Арабија има три, Египет не освои ниту еден бод.

Уругвај – Русија 3:0

Саудиска Арабија – Египет 1:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани