Урнебесно видео: Погледнете како Гвардиола им даваше инструкции на своите фудбалери против Реал

by Стефан
1 минути читање

Пеп Гвардиола е одамна познат по тоа што секој потег на своите фудбалери го доживува со силни емоции. Тренерот на Манчестер Сити покрај аут-линијата ја следи играта и некогаш изгледа како самиот да е на терен.

Така ја водеше и екипата против Реал во Лигата на шампионите. Сити славеше со 2:1, но внимание привлече една снимка која покажува како Пеп им дава инструкции на своите играчи.

Сето тоа го прави со живописни гестови, користи и раце и нозе, како вистински пантомимичар. Се фрла крај теренот, се витка, се удира по главата, гледа кон небото. Делува како да има сопствен јазик на движења што го смислил и го користи за да комуницира со фудбалерите.

Pep Guardiola’s animated sideline instructions against Real Madrid
byu/Chiswell123 insoccer

Можно е и ова да ти се допаѓа

×