96
Ромелу Лукаку
одигра доста лош натпревар против Англија во битката за третото место на
Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија.
Иако Црвените
ѓаволи славеа на крајот со 2-0, сепак, за одбележување се ситуациите во кои се
најде белгискиот напаѓач кој неколку пати беше активиран во опасната зона на
Гордиот Албион, но, на крајот никако не успеваше да ја исконтролира топката.
Урнебесна реакција
на социјалните мрежи имаше Манчестер сити, сепак, сево ова оди
на сметка на напаѓачот на Манчестер јунајтед кој Мундијалот го заврши со 4 постигнати погодоци.
„Каков пас од
страна на Кевин Де Брујне!!! Лукаку ја загуби контролата…“ напиша англискиот шампион.