Урнебесни сцени: Легендите паѓаа во транс по спектакуларниот гол на Хрватот Оршиќ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вчерашната вечер во Лигата на шампионите не донесе возбуди само на терените, туку и во студиото на „ЦБС“, каде што повторно заедно натпреварите ги следеа Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс.

Најинтереен момент беше при анализата на голот на Мислав Оршиќ против Баерн, иако неговиот Пафос доживеа тежок пораз од 5-1. Хрватскиот офанзивец со мајсторски удар ја затресе мрежата, а Мануел Нојер на гол-линијата остана немоќен.

Самиот погодок беше доволно атрактивен, но вистинското шоу го направија тројцата поранешни фудбалери во студиото, кои со своите коментари и реакции ја направија атмосферата уште повозбудлива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×