Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш вчера славеше роденден а најурнебесната честитка ја доби од Хуан Мата.
Бруно Фернандеш синоќа наполни 31 година, доби многу честитки од сегашни и поранешни соиграчи.
Хуан Мата реши да ја искористи оваа прилика за малку да го трола Португалецот и предизвика многу смеа со фотографија од минатото, на која младиот Бруно Фернандеш изгледа наивно и има долга коса.
„Среќен роденден, те сакам и ми недостасуваш“ – напиша Хуан Мата покрај сликаа.
Бруно Фернандеш добро ја прифати шегата на негова сметка, и со насмевка порача: „Ќе те убијам!“