463
Снежното невреме во Ливерпул во неизвесност го стави одржувањето на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, а на крајот сепак се донесе одлука истото да се одржи.
При чистењето на снегот од теренот во интересна ситуација беа забележани поранешните фудбалери Гери Невил и Џејми Карагер.
Во еден момент Невил фрлаше снег на теренот, додека Карагер го чистеше. Секако тоа беше шега од Невил поради лошата форма на неговиот поранешен клуб, а од друга страна Карагер веројатно и повеќе сака да се одигра натпреварот затоа што Ливерпул влегува како фаворит.
Gary Neville wants the game to be off badly… 😂👀 pic.twitter.com/1OijuEljgr
— EPL Bible (@EPLBible) January 5, 2025