Управата на Рома веќе знае што сака со Раниери, се чека неговиот одговор

by Стефан
1 минути читање

Клаудио Раниери очигледно промени многу работи во Рома од неговото доаѓање и ги помести границите на очекувањата.

Рома со него на клупата е најдобриот италијански тим во 2025 година и тим кој од вториот дел на табелата дојде во ситуација да се надева и на Лигата на шампионите.

Последниот пораз Рома го доживеа на 15 декември и од тогаш е „волчицата“ има учинок од осум победи и четири нерешени натпревари.

Исто така на добар пат се да се пласираат и во четвртфиналето од Лига Европа бидејќи во првиот натпревар го победија Атлетик Билбао со 2-1.

Сето тоа придонесе управата на Рома да сака да го задржи Раниери и наредната сезона на „Олимпико“ како тренер.

Ќе потсетиме, Раниери се врати од пензија и во ноември ја презема Рома. Првичниот план беше да го води тимот до крајот на сезоната и да пронајде негов наследник, а потоа да преземе директорска позиција во клубот.

Но, по ваквите резултати неговиот договор како тренер кој има важност до јуни 2025 година многу лесно може да биде и продолжен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани