76
Нејмар стана предмет за потсмев поради фризурата со која се појави на Светското првенство. Социјалните мрежи беа полни со шеги на сметка на Бразилецот, а го исмеваа и легенди како Кантона.
Една од поинтересните шеги е како да направите Нејмар фризура.
Купувате едно пакетче шпагети. Ги ставате на глава и одите под туш каде ги попарувате со топла вода додека не омекнат. Резултатот е „Нејмар“ фризура. Многу едноставно.
Во меѓувреме Нејмар ги скрати „шпагетите“ па со нов имиџ ќе настапи на следниот натпревар.