Упамекано уште не потпишал нов договор со Баерн, а веќе размислува за заминување

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија пренесуваат за нов момент во преговорите помеѓу Баерн Минхен и Дајот Упамекано, дефанзивецот бара разумна откупна клаузула со која ќе може да замине од „Алианц Арена“.

Баерн Минхен и Дајот Упамекано подолго време разговараат за нова соработка, но се чини дека преговорите тапкаат во место.

Претходно се пишуваше за високите финансиски барања на дефанзивецот, односно плата од 20 милиони евра по сезона, плус 20 милиони евра како бонус за потпис.

Весникот ТЗ сега открива дека Дајот Упамекано побарал и откупна клаузула со разумна цена, односно да може да ја промени средината за 65 милиони евра веќе во втората година од новиот договор.

Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Челси внимателно ја следат ситуацијата на Дајот Упамекано, па затоа Французинот не се штеди со барањата до шампионот на Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×