Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Унијата на фудбалери стапила во контакт со Марк андре тер Штеген и му понудила помош во спорот со Барселона.
Разделбата помеѓу Барселона и Тер Штеген нема да биде убава, голманот незадоволен од третманот и начинот на кој дозна дека е вишок во тимот, реши да прави опструкции.
Германецот прво одлучи да прави операција на грбот со што пропадна можноста за позајмица или трансфер.
Барселона се надеваше дека и ова ќе биде доволно за да ги регистрира Жоан Гарсија и Војчех Шчесни со тоа што ќе искористи 80% од платата на Тер Штеген, но и тука следуваше нова сопка.
Голманот во своето соопштение порача дека ќе паузира три месеци, а според правилата, за Барса да може да искористи 80% од новата плата, паузата треба да биде најмалку четири месеци.
Секако, последниот збор го има лекарската комисија во Ла Лига, а и тука Тер Штеген одигра валкано, одби да потпише согласност за Барселона да ја сподели медицинската документација.
Се шпекулираше дека клубот од Камп Ноу е бесен и покренал дисциплинска постапка, но се чини дека сето ова е бадијала.
Последните информации велат дека Унијата на фудбалери стапила во контакт со Марк андре тер Штеген и му понудила помош во спорт.
Тие веруваат дека Барселона нема правна основа на која може да покрене дисциплинска постапка бидејќи Тер Штеген е заштитен со Законот за заштита на личните податоци, регулатива која е над било која внатрешна административна процедура – и доколку голманот не сака да даде согласност, има потполно право да го стори тоа.