Умтити на лето е „достапен“ за заинтересираните клубови

by
1 минути читање

Каталонски „Спорт“
наведува дека во Барселона се дискутира околу идните планови во клубот, а
секако во преден план е оној спортскиот проект околу фудбалерите, па се чини
дека на лето ќе проследиме одредени продажби на „Камп Ноу“.

Еден од таквите
можни случаи е токму дефанзивецот Самуел Умтити, за него, како што наведува „Спорт“,
во Барселона донеле одлука да го стават достапен на европскиот трансфер пазар
на лето, идејата е да се дојде до одредени средства во буџетот за
реконструкција на составот.

Умтити и
претходниот летен преоден рок беше достапен за заинтересираните клубови за
неговиот потпис, меѓутоа проблемот со повредите веројатно си го направија
своето, па така на крајот тој остана на „Камп Ноу“.

Дефанзивецот
пристигна во Барселона во 2016. година од Лин, по трансферот кој Барселона ја
чинеше 25 милиони евра, пред две години неговиот договор беше обновен со
откупна клаузула во висина од 500 милиони евра, од причина што претходната сума
беше значително пониска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×