Ултрас навивачите на Интер испратија порака до управата: Икарди мора да си оди!

by
1 минути читање

Па шест недели,
Мауро Икарди се враќа во тимот, Лучано Спалети денеска најави дека напаѓачот ќе
биде стартер против Џенова. Сепак, оваа одлука не им се допадна на ултрас
навивачите. Оние најжешките „тифози“ од „курва норд“ испратија соопштение во
кое порачаа дека Аргентинецот мора да си оди.

„По одржан
интерен состанок, сите групи од „курва норд“ едногласно одлучија дека
однесувањето на играчот со број 9 повеќе не смее да се толерира. Веруваме дека
Икарди покажа дека не го поседува потребниот карактер не само за капитенската
лента туку и за да ја обедини соблекувалната. Со ова соопштение, го покануваме
Интер да ги превземе неопходните мерки за што побрзо да го отстрани од составот“
– гласеше известувањето.

„Од овој момент,
за „курва норд“ Икарди повеќе не е дел од Интер, и ќе биде третиран на
соодветен начин“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×