Медиумите од Италија пренесуваат нови детали за превирањата помеѓу ултрас навивачите на Интер и убиството на Антонио Белоко, по што следеше полициската акција која беше спроведена вчера и во која беа уапсени 19 лица.
Интер и Милан се под лупа откако неколку ултрас навивачи на клубовите од Милано завршија зад решетки поради соработка со мафијашки семејства и организиран криминал.
Акцијата следи по убиството на Антонио Белоко, еден од главните на ултрас навивачите на Интер.
Медиумите од Италија сега откриваат повеќе детали за превирањата и како неколку лидери на Курва Норд скроиле план да го ликвидираат Андреа Берета (човекот кој го уби Антонио Белоко).
Тие биле незадоволни од начинот на кој се дели колачот од црните безниси, па во август месец сакале да го намамат на една фарма и да го убијат.
Вториот план бил да го неутрализираат со седативи за време на вечера и потоа да го убијат.
И планот не бил само да се убие Андреа Берета, туку и неговото тело да исчезне. За оваа цел, од еден супермакет бил купено поголемо количество на калциум оксид, вработените на каса биле збунети и зачудени, па добиле објаснување дека калциум оксид-от ќе биде користен за погреб на куче.
Сепак ваквите планови се изјаловиле откако некој му пренел на Андреа Берета дека му се подготвува убиство, па тој прв повлекол чекор и го убил Антонио Белоко.