Ултиматум од ѕвездата до Баерн, бара многу пари или си оди од Минхен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од клучните играчи на Баерн Минхен, јасно им даде на знаење на раководните лица на најтрофејниот германски клуб дека ќе си замине, ако не бидат исполнети бараните услови од неговата страна.

Станува збор за Дајот Упамекано, еден од столбовите на одбраната кој јасно кажа под кои услови би останал и натаму дел од „Баварците“. Французинот ги почнува последните шест месеци од договорот со германскиот првак.

Интересот од Реал Мадрид му овозможува на фудбалерот да испраќа „ултиматуми“, но засега од Баерн не потпаѓаат на вакви услови. А, тие се 16 милиони евра годишна плата.

Дефанзивецот со неговиот менаџерски тим наводно веќе ги кажал условите, и веќе нема намера да преговара со клубот, се додека не бидат исполнети условите и лесно би можело да се случи да замине во Реал Мадрид како слободен агент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×