Легендарниот Ули Хенес вели дека не знаел ништо за најскапото засилување на Баерн Минхен ова лето, но им верувал на Макс Еберл и Кристоф Фројнд.
Ули Хенес долги години беше главен оперативец на Баерн Минхен, но сега е член само на надзорниот одбор на клубот, и телото кое дава амин за големите трансфери.
Ова лето таков беше трансферот на Мајкл Олисе од Кристал Палас вреден околу 60 милиони евра.
Но и покрај тоа што Ули Хенес долги години е во фудбалот, вели дека не знаел ништо за Французинот кој е роден во Англија.
„Со Олисе, решивме да им веруваме на Макс Еберл и Кристоф Фројнд, јас искрено не знаев ништо за играчот“ – вели Хенес.
Ситуацијата била сосема спротивна со другите две засилувања, Хироки Ито и Жоао Палиња, кои му биле добро познати на Ули Хенес и неговите колеги.
„Кога беше споменато името на Ито, веднаш дадовме зелено светло. Палиња пак го имавме на ум уште минатото лето и знаеме што може да ни донесе“.