Украинската фудбалска федерација: Не го закачајте Вида, не направи ништо лошо!

by
2 минути читање

Вида е во центарот на вниманието по победата над Русија во четвртфиналето. Хрватскиот фудбалер ја поздрави Украина по мечот со слоганот „Слава на Украина“. Поради тоа доби опомена од ФИФА. А Хрватската фудбалска федерација го избрка Вукојевиќ кој му правеше друштво на Вида. Сега стигнува соопштение од Украина.

„Украинската фудбалска федерација, како и милиони украински навивачи, се запрепастени од вознемирувањето на Домагој Вида, хрватскиот репрезентативец и поранешен играч на киевски Динамо кое започна по објавувањето на видео снимка во која рекол „Слава на Украина“!“.

„Во споменатата ситуација имаме јасен и бескомпромисен став: фудбалер кој долги години играл за легендарниот украински клуб има право да ја изрази својата благодарност и почит кон Украина и нејзините навивачи. Ниту едно дисциплинско правило на ФИФА не содржи норми кои би забраниле таква постапка“.

„Слоганот „Слава на Украина!“ е поздрав во знак на сеќавање на жртвите, патриотски симбол на независноста, слободата и слободата на украинскиот народ, како и слоган кој често го користат украинските навивачи кога навиваат. Тој слоган не содржи негативни или навредливи елементи. Сличен е со останатите слогани како „Слава на Хрватска“ или „Слава на Франција“.

„Со оглед на ситуацијата, Украинската фудбалска федерација и неговиот претседател Андриј Павелко чувствуваат потреба да го поддржат Домагој Вида. Веднаш поднесоа жалба до ФИФА одговарајќи им со објаснување во врска со слоганот „Слава на Украина“. Информирана е и УЕФА да ја брани позицијата на Украинската фудбалска федерација внатре во ФИФА. На бројни барања на новинарите и навивачите, на увед е достапна и слика од жалбата“.

„Целата украинска фудбалска заедница, на Домагој Вида му изразува благодарност за јавното покажување на почит кон Украина. И честитаме влез на Хрватска во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Русија“, пишува во дописот на Украинската фудбалска федерација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани