Украина ќе ја плаќа казната на Вукојевиќ

by
1 минути читање

Поранешниот играч на Динамо Киев, Огнен Вукојевиќ е казнет со 15.000 евра од ФИФА поради поздравот кон Украина после победата над Русија.

Хрватска за да и се извини на Русија го избрка Вукојевиќ од стручниот штаб за разлика од Домагој Вида кој иако го направи истиот прекршок остана во составот на Далиќ.

Украина по примерот на Албанија ќе собира пари за казната на некој кој не ги брани нивните бои.

Претседателот на Украинската фудбалска федерација, Андриј Павелко преку пост својот фејсбук профил рече дека доколку паричната казна остане за Вукојевиќ, тие од свои средства ќе му ја платат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани