Украина ја победи Шкотска и дојде на чекор до Светското првенство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тоа што се случува во нивната земја како да им даде посебен мотив на украинските фудбалери да одиграат одличен меч во Шкотска и да дојдат до победата.

Јармоленко во 33. минута погоди за водство од 1-0 за Украина, а Јаремчук по четири минути игра во вториот дел зголеми на 2-0.

Мекгрегор со гол во 79. минута ја врати Шкотска во игра намалувајќи на 2-1, но во 95. минута Довбик стави крај на сите дилеми поставувајќи ги конечните 3-1.

Во бараж финалето Украина ќе игра против Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани